Дома Останати Ракомет Раул за поразот од Барселона: Беше невозможно да се вратиме

Раул за поразот од Барселона: Беше невозможно да се вратиме

ПСЖ вчера беше поразен од Барселона во полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Келн (37:32).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес на прес-конференцијата истакна дека било невозможно неговиот тим да се врати после длабоката негативна.

„Барселона игра навистина добро сезонава и заслужуваат честитки. Им посакувам среќа. На стартот од мечот бевме солидни, но потоа не можевме да ги следиме. Дозволивме да играат, во второто полувреме се обидовме да се вратиме, меѓутоа веќе беше невозможно. Барселона беше цврста во одбраната и нас ни беше тешко без Тофт Хансен. Исто така го немавме и Никола Карабатиќ“, изјави Раул по поразот.

Овој пораз за Раул Гонзалес значи дека ќе остане со една европска титула, онаа со Вардар во сезоната 2016/2017.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ива Младеновска ќе игра за еден од најголемите германски клубови!

Македонската репрезентативка Ива Младеновска ќе ја продолжи кариерата во редовите на Борус…