Дома Топ вести Распад систем во соблекувалната на Барса: Еве кој е крив за дебаклот!

Распад систем во соблекувалната на Барса: Еве кој е крив за дебаклот!

После шокантниот пораз од Пари Сент Жермен во соблекувалната на Барселона настана распад систем.

Како што пренесуваат каталонските медиуми Серхио Бускетс посебно беше разочаран, па индиректно го обвини тренерот Луис Енрике за поразот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, дефанзивниот играч за врска на Барса јавно изјави дека тактиката била пресудна за големиот пораз.

„Беа подобри од нас во целиот тек од натпреварот. Нивната тактичка поставка беше многу подобра од нашата. Едноставно, беа подобри тактички. Имаа план кој ги одведе таму каде што сакаа“, истакна Бускетс.

Иднината нан Луис Енрике после тешкиот пораз од 4:0 е неизвесна, а како што пренесува шпанскиот „Копе“ со дел од екипата воопшто нема добри односи.

„Главните играчи се незадоволни од неговата работа. Веруваат дека не знае како да пронајде решение и да го подигне тимот“, пренесува „Копе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…