Дома Фудбал Рангник му ја отвори вратата на Погба

Рангник му ја отвори вратата на Погба

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, му ја отвори вратата на Пол Погба за заминување од клубот.

Французинот се уште нема потпишано нов договор, а актуелниот му истекува во јуни 2022 година. Воедно, Погба од 1 јануари би можел да преговара со заинтересираните клубови.

Рангник му испрати порака дека Манчестер Јунајтед не треба да убедува никого да остане на „Олд Трафорд“.

„Ако играч не сака да игра за клуб каков што е Манчестер Јунајтед, дури и долгорочно, јас не мислам дека има логика да го убедуваме да го промени мислењето. Ова е толку голем клуб со фантастична поддршка и не мислам дека Манчестер треба било кого да убедува да остане“, порача Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед бара решение за одбраната: На радарот е Баси, но конкуренцијата е голема

Калвин Баси од Фулам е меѓу дефанзивците што ги следи Манчестер јунајтед. За нигерискиот р…