Серхио Рамос веќе неколку години е помеѓу најдобрите дефанзивци во светот, многумина ќе кажат и најдобар, а помеѓу нив е и неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид Рафаел Ван Дер Варт.
Пензионираниот холандски играч за врска кој со Рамос играше од 2008 до 2010 година имаше само пофални зборови за актуелниот капитен на „кралевите“ и смета дека пред Шпанецот се уште години на највисоко ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За мене тој е најдобар дефанзивец во светот. Кога бев во Реал тој имаше 21 или 22 години. Беше полн со енергија, сакаше да биде насекаде, да прави се. Сега е поинаку. Созреа и го користи својот талент на најдобар можен начин. Стана машина. Го гледав неодамна и се запрашав колку години има. 34? Сигурно може да игра барем уште шест години на највисоко ниво“, изјави Ван Дер Варт.