Македонскиот суперлигаш Охрид денес потпиша договор со уште еден ракометар, промовиран беше 27-годишниот Словенец Гал Цирар.
Станува збор за ракометар кој игра на крилната позиција и се очекува да биде големо засилување за Охриѓани затоа што пристигнува како најдобар стрелец во словенечкото првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На 15 натпревари за тимот на Јерусалем Ормо постигна 59 голови, а претходно го носеше дресот на Тимо Требње. Договорот кој го потпиша со Охрид има важност до 2024 година.
Коментари