Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ се закани дека ќе го напушти „Камп Ноу“, доколку раководството ова лето го ангажира Марко Верати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот плејмејкер е на чело на листата на новиот тренер Ернесто Валверде, кој планира промена на системот на игра.
Се очекува Верати да е стартер во формација со двајца дефанзивни играчи од средниот ред, а за останатото место ќе се борат фаворит Серхио Бускетс, Серхи Роберто и Андре Гомеш.
Се очекува Ракитиќ да останува почесто на клупата, што нема да му се допадне, со оглед претстојното Светско првенство во фудбал во Русија следното лето и конкуренцијата во средината на теренот, која ја има во хрватскиот национален тим.