Дома Фудбал Останато Раиола објасни зошто Халанд не отишол во Јувентус: Тие ќе го испратеа во резервниот тим

Раиола објасни зошто Халанд не отишол во Јувентус: Тие ќе го испратеа во резервниот тим

После два месеци пауза претходниот викенд продолжи Бундеслигата, а Ерлинг Халанд продолжи по старо, постигна уште еден гол.

Халанд во Борусија стигна на почетокот на оваа година од Ред Бул Салзбург за 20 милиони евра и на 13 натпревари постигна дури 12 голови. Младиот Норвежанец покажа дека се работи за одличен напаѓач и за викендот беше стрелец против Шалке.

Во зимскиот преоден рок голем број клубови покажаа интерес за Халанд кој играше фантастично во Салзбург во првиот дел од сезоната. Меѓутоа на крајот ја избра Борусија што беше изненадување за многумина.

Се шпекулираше дека Јувентус сака да го доведе, но до тој трансфер не дојде. Неговиот агент Мино Раиола објасни зошто Халанд не ја избрал „Старата дама“ и тоа сигурно нема да им се допадне на навивачите на овој клуб.

„Зошто Халанд не отиде во Јувентус? Па затоа што тие ќе го испратеа во резервниот тим“, изјави Раиола во разговор за „Ла Република“.

Халанд во неговиот договор има клазула од 75 милиони евра која ќе биде активирана летото 2021 година и нема сомневање дека за неговиот потпис и тогаш ќе се јават повеќе европски клубови.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анализа и предлог тип: Се очекува голеада во Мехенгладбах

Борусија Менхенгладбах е домаќин на Унион Берлин во еден од двата меча кои се на програмат…