Дома Топ вести ПСЖ спремен да го продаде Нејмар, позната и цената

ПСЖ спремен да го продаде Нејмар, позната и цената

Нејмар ова лето повторно ќе биде во центарот на вниманието на трансфер пазарот, а француските медиуми тврдат дека ПСЖ е спремен да го продаде Бразилецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар во 2017 година се пресели во Париз и стана најскапиот фудбалер во историјата, но не е среќен во ПСЖ и минатото лето настојуваше да се врати во Барселона.

„ЕСПН“ тврди дека спортскиот директор Леонардо дозволил преговори меѓу Нејмар и Барселона и Бразилецот од следната сезона најверојатно ќе го оси дресот на каталонскиот гигант.

Медиумот тврди дека ПСЖ веќе поставил цена и за слободата на Нејмар бара 150 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.

Од друга страна „светците“ ќе направат се за да го задржат Килијан Мбапе и се спремни да го направат најплатен фудбалер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…