Талентираниот фудбалер на Лион, Хусен Ауар ќе биде „жешка тема“ во летниот преоден рок бидејќи за него се заинтересирани многу европски гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
21-годишниот играч за врска оваа сезона блеска во дресот на Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Претходно беше објавено дека Јувентус и Челзи веќе направиле првични контајти со неговиот агент, а сега во трката за потписот на Ауар се вклучија ПСЖ и Манчестер Сити.
Ауар оваа сезона одигра 33 меча за Лион во сите натпреварувања на кои постигна 8 гола и запиша 9 асистенции.
Лион сигурно нема лесно да се откаже од него и веќе постави цена од 70 милиони евра.
Puto Crack. ❤️✨ pic.twitter.com/9iEMzZpyyR
— Aouarinho ? (@MattAouar) March 16, 2020