Пари Сент Жермен е спремен да го ослободи Покетино и веќе започнал преговори со Зинедин Зидан, пренесуваат француските медиуми.




Очигледно е дека ситуацијата во соблекувалната на ПСЖ не е баш најдобра и дека постои огромен притисок врз Покетино, кој се очекува оваа сезона да ја донесе титулата во Лигата на шампионите на „Паркот на Принцовите“.




Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
ПСЖ е во потрага по тренер, а „Ле Паризиен“ утринава објави дека веќе се започнати преговори со Зинедин Зидан кој е слободен по заминувањето од Реал Мадрид.




Шпанска „Марка“ тврди дека Зидан се уште нема донесено одлука а во текот на следните неколку дена ќе има нова рунда преговори со ПСЖ.