Кевин Де Брујн беше во трка со времето и вчера сепак успеа да настапи против Италија во четврфиналето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Де Брујн против Португалија заработи повреда на скочниот зглоб и мораше предвреме да го напушти теренот. После вчерашниот натпревар откри дека играл со скинати лигаменти.
„Чудно беше што успеав да настапам, се здобив со оштетување на скочниот зглоб. Имав скинати лигаменти. Сепак, чувствував одговорност кон мојата земја, жал ми е што не можев да помогнам да стигнеме до подобар резултат“, изјави Де Брујн.
Ќе потсетиме, Де Брујн имаше мала повреда и во финалето од Лигата на шампионите против Челзи.