Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Продолжуваат проблемите за Франција, се повредил уште еден играч?

Продолжуваат проблемите за Франција, се повредил уште еден играч?

Продолжуваат проблемите со повредите за фудбалската репрезентација на Франција на Светското првенство во Катар, сега проблеми има Кингсли Коман.

Според „Л’Екип“, 26-годишниот фудбалер на Баерн Минхен го напуштил последниот тренинг на француската репрезентација. Станува збор за повреда на мускулот, а се уште не се знае колку е сериозна и дали ова е навистина нов голем удар за актуелниот светски шампион.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Франција на првенството дојде без голем број многу важни играчи. Поради повреди ова првенство го пропуштија Бензема, Нкунку, Канте, Погба и Кимпембе, а на првиот меч се повреди и Лукас Ернандез.

Ернандез мораше да го напушти теренот во 13. минута поради повреда која не само што го заврши настапот во Катар, туку и ја заврши целата сезона. Во второто коло од групата Д, Франција во сабота ќе игра против Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Халанд се сликаше со Кабиб, но една порака од соблекувалната беше во центарот на вниманието (Фото)

Во соблекувалната на Манчестер Сити се појави силна мотивирачка порака токму во момент ког…