Португалскиот напаѓач, Франциско Тринкао се врати во Барселона, откако оваа сезона ја помина на позајмица во Вулверхемптон.




Тринкао има договор со Барселона до 2025 година, но јасно е дека за него нема место во тимот на Чави, бидејќи не влегува во неговите планови.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Барселона очекуваше дека Вулверхемптон ќе го откупи неговиот договор, па сега има проблем бидејќи треба да бара нов купувач за Португалецот.




Тринкао сака да се пресели во Спортинг Лисабон и веќе има договор со португалскиот клуб. Проблемот е што Спортинг го сака напаѓачот на позајмица, а Барса сака да го продаде.