Дома Фудбал Проблем за Зидан – се повреди Тони Крос

Проблем за Зидан – се повреди Тони Крос

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос ќе биде надвор од терените околу две недели поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од клубот потврдија дека германскиот репрезентативец има мускулна повреда на левата нога, а според медиумите неговата рехабилитација ќе трае околу 15 дена.

Крос се повреди за време на натпреварот против Бетис во саботата и ќе ги пропушти следните два меча за Реал, против Ваљадолид и Леванте.

Потоа претстои пауза за репрезентативците натпревари од Лигата на нации, а Крос воопшто нема да биде повикан за Германија и ќе се рехабилитира во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо сам се пофали: Пред Кристијано оваа репрезентација ништо немаше освоено

Кристијано Роналдо изјави по поразот од Шпанија дека пред неговото доаѓање, Португалија не…