Хоселу кој е единствениот класичен напаѓач на Реал Мадрид ќе мора да паузира од две до три недели поради повреда.
Напаѓачот тренираше нормално на почетокот на неделата, но потоа му отече десниот скочен зглоб поради повреда на еден од тренинзите. Сезонава Хозелу одигра 35 натпревари за „кралевите“ и само Винисиус и Родриго одиграле повеќе дуели од него, па јасно е дека ова е проблем за Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зад себе има учинок од 13 голови и четири асистенции. Хоселу нема да игра викендов против Севиља во првенството, потоа против Лајпциг во Лигата на шампионите и уште двата првенствени натпревари против Валенсија и Селта.
Реал сезонава е само еден класичен напаѓач, меѓутоа во клубот свесно ризикуваа веројатно чувајќи го местото за Мбапе наредното лето. Во меѓувреме во нападот се уфрлува и Џуд Белингем кој стандардно е во средниот ред.