Дома Фудбал ПРОБЛЕМ ЗА АНГЛИЈА: Важен играч се прости од репрезентацијата!

ПРОБЛЕМ ЗА АНГЛИЈА: Важен играч се прости од репрезентацијата!

Фудбалерот на Њукасл, Киеран Трипие објави крај на репрезентативната кариера, соопшти Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Трипие дебитираше за Англија во 2017 година, а за репрезентацијата играше на две светски и две европски првенства.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Никогаш како млад човек од Бури не мислев дека ќе играм за мојата земја, а камоли да одиграм 54 натпревари“, напиша Трипиe на Инстаграм. „Беше една од најголемите почести во мојот живот да ја претставувам мојата земја на четири големи турнири. “

„Сакам да му кажам голема благодарност на поранешниот селектор Герет Саутгејт и на целиот персонал кој работеше со репрезентацијата на Англија за довербата што ми ја покажаа низ годините. Благодарам на сите мои соиграчи – имавме многу Специјални моменти стигнување до финале на две европски првенства и полуфинале на Светското првенство. Сигурен сум дека во иднина оваа група на играчи ќе освои голем турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета брутално искрен по шокантниот пораз: Оваа шлаканица ги заболи фудбалерите!

Фудбалерите на Арсенал денеска претрпеа неочекуван пораз на својот терен од Борнмут, а мен…