Дома Фудбал Италија Призна и Тонали: Да, зависен сум од коцкање

Призна и Тонали: Да, зависен сум од коцкање

Во Италија во изминатиот период актуелни се обвинувањата за обложувања, вмешани се повеќе имиња, а по Николо Фаџоли, сега и Сандро Тонали ја призна вината.

Адвокатот на Тонали во јавноста призна дека фудбалерот е зависник од коцкање.

“Да, Сандро е зависен од коцкање. Тој се бори против тоа и сигурен сум дека ќе излезе како победник. Тој е тажен и се уште е во шок што е обвинет за нелегално обложување.

Сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на Њукасл за нивната поддршка и дека се со Тонали. Тој тренира и може да игра во сабота“, изјави агентот на Тонали, Рисо.

Засега од Заниоло кој покрај споменатите двајца е еден од оние кои најмногу се споменуваат, се уште не го признал делото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадувачки трансфер: Реал Мадрид договори млад афрички стопер

Младиот дефанзивец на Гранада, Оскар Наасеј, на 21 година станува нов член на Реал Мадрид.…