Дома Останати Претседателот на ПСЖ се најде во центарот на голем скандал поради подмитување!

Претседателот на ПСЖ се најде во центарот на голем скандал поради подмитување!

0

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи се најде во центарот на голем скандал.

Против првиот човек на францускиот шампион е започната истрага за давање мито, а обвинет е дека дал пари за Катар да го добие Светското првенство во атлетика.

Келаифи на поранешниот прв човек на Светската атлетска организација, Ламин Диацко му исплатил 3.5 милиони долари за Доха да го добие натпреварувањето кое се одржувало во 2017 година, но на крајот тоа се одржа во Лондон.

Меѓутоа веќе оваа година Светското првенство се одржува во Доха. Се претпоставува дека заслужен за тоа е токму Келаифи и против него е започната постапка.

Неговиот адвокат, Франсис Спинер тврди дека таквите пишувања на француските медиуми се лажни и без основа.

„Името на Насер Ал Келаифи не се појавува во ниту еден документ. Овие информации немаат никаква основа, ниту докази“, истакна тој.

Исто така наведе дека дошло до забуна затоа што во се учествувала компанијата која ја води братот на сопственокот на ПСЖ.

Ал Келаифи не е во добра позиција ниту во ПСЖ. Некои медиуми дури најавуваат и дека тој е голем виновник за лошите резултати и дека би можел да го напушти местото претседател на клубот.

Наредната сезона би можела да биде негова последна на чело на скапоцениот тим од Париз.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Откриено против кого ќе се бори Конор: Повторно оди во бокс меч!?

УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор се спрема за враќање на борбите. Ирецот на Твитер неодамна об…