Дома Трансфер зона Пресврт: Балотели се враќа во Серија А – трансферот може уште утре да биде потврден!

Пресврт: Балотели се враќа во Серија А – трансферот може уште утре да биде потврден!

0

Изгледа дека италијанскиот напаѓач Марио Балотели конечно го избрал клубот за наредната сезона.

Балотели во последно време најмногу се поврузваше со Фламенго и на големо се пишуваше дека напаѓачот ќе потпише договор со клубот од Јужна Америка. Сепак, сега медиумите најавуваат пресврт – Балотели ќе потпише за Бреша!

За италијанскиот напаѓач Бреша покажуваше интерес и претходно, а сега изгледа дека тие и победиле во трката.

Според информациите Бреша понудила еден милион евра со бонуси поврзани се головите, настапите и опстанокот во Серија А и сето тоа на контроверзниот напаѓач би му донело околу три милиони евра.

Ова е сериозна сума за клуб кој штотуку се врати во Серија А, но Бреша не жали пари за да го врати Балотели во Италија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека овој трансфер би можел да биде потврден уште утре.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Најдобрите 11 кои ова лето пристигнаа во Серија А (ФОТО)

Кон крајот на минатиот и почетокот на овој милениум во Италија играа најдобрите фудбалери …