Премиер лигата неодамна го казни Евертон со одземени десет бодови, а според информациите на „Атлетик“, Нотингем Форест би можел да биде следниот клуб кој ќе се соочи со ваква судбина.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, клубовите според најновите правила на лигата треба да го достават својот финансиски извештај за претходната сезона до 31-ви декември, а не како што беше случај доседа до март.
Форест откако се врати во Премиер лигата доведе 42 фудбалери, па клубот мора да врати дел од трошоците и да биде максимално внимателен во следниот преоден рок. Се очекува продажбата на Џонсон на Тотенхем да ги балансира работите.
Но, исто така се најавува и дека Евертон на кого веќе му се одземаа 10 бодови може уште еднаш да биде казнет. По казната тимот од Ливерпул влезе во добра серија на резултати и се искачи до „безбедно“ место над опасната зона, но дополнителна казна може да им ја искомплицира работата.