Дома Топ вести Премиерлигаш спреми 85 милиони за Влаховиќ

Премиерлигаш спреми 85 милиони за Влаховиќ

Арсенал не се откажува од намерата да го донесе Душан Влаховиќ и спремил нова понуда за ѕвездата на Фиорентина.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „топџиите“ се спремни да понудат 85 милиони евра за 21-годишниот напаѓач.

Влаховиќ моментално е прв стрелец во Серија А, но јасно е дека ќе ја напушти Фиорентина откако одби да го продолжи договорот.

За него интерес покажуваат многу европски гиганти, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата.

Фиорентина е спремна да ја прифати понудата, но прашање е дали Влаховиќ ќе се согласи на трансфер на „Емирати“, бидејќи преферира да остане во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…