Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Атлетико Мадрид започнале преговори за хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ.
Тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне го сака Калиниќ како замена за Гамеиро кој е на излезна врата во клубот, од друга страна пак Милан сака да го продаде Хрватот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Последните информации од Апенините говарат дека двата клуба се во напреднати преговори. „Росонерите“ за неговата слобода бараат 25 милиони евра, додека „јорганџиите“ во моментов нудат 20 милиони евра.
Сепак, медиумите се оптимисти дека двата клуба набрзо ќе најдат заеднички јазик околу трансферот.