Дома Фудбал Преговорите во застој: Рамос одбива да потпише нов договор

Преговорите во застој: Рамос одбива да потпише нов договор

Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос се уште не го обновил договорот со „кралскиот“ клуб, а преговорите се во застој.

Имено, Реал му нуди договор на само една сезона, а Рамос во неколку наврати го отфрли тој предлог на „кралевите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Постои правило во Реал Мадрид, на играчи на возраст над 32 години, да им се нудат само договори за една сезона и клубот нема намера да направи преседан со Рамос, колку и да е вреден тој за клубот.

Дефанзивецот е дел од Мадрид уште од летото 2005 година, откако беше привлечен од Севиља за 27 милиони евра. Во моментов Рамос има 33 години и неговиот тековен договор истекува во летото 2021 година.

ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да му понуди на Рамос богат 4-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бобан Николов потпиша за нов клуб!

Македонскиот фудбале Бобан Николов повторно ќе игра во Романија, откако по цели 12 години …