Џенаро Гатузо вчера го имаше своето деби на клупата на Наполи и авантурата ја започна со болен пораз од Парма.
Наполи игра лоша сезона во Серија А, па јасно е дека на тимот му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок, а откриена е првата трансфер мета.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Станува збор за играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира кој е најголема желба на тренерот Гатузо. Раководството сака да му ја исполни желбата и спрема понуда од 25 милиони евра.
Тореира има искуство во Серија А, каде со успех го носеше дресот на Сампдорија од каде се пресели во Арсенал.
Уругваецот имаше одлична прва сезона на „Емирати“, но оваа сезона го загуби местото во стартниот тим и е спремен да се врати во Серија А.