Дома Македонски спорт Мак фудбал Први испуштени бодови: Младинците ремизираа против Казахстан (ФОТО+ВИДЕО)

Први испуштени бодови: Младинците ремизираа против Казахстан (ФОТО+ВИДЕО)

0

Репрезентацијата на Македонија до 21 година не ја оправда фаворитската улога и одигра 1:1 против Казахстан.

Младинцитe одлично ги започнаа квалификациите со две победи во исто толку натпревари, но сепак денес Казахстан извлече бод.

Скоро во текот на целиот натпревар избраниците на Милевски беа подобар противник на теренот. Во првото полувреме од самиот почеток создававме прилики за погодок и тој стигна во 20-тата минута преку Милан Ристовски.

Имавме уште неколку одлични прилики да постигнеме гол, меѓутоа не ги искористивме.

Во вториот дел Казахстан го поткрена нивото на игра, но не создаваа некои посериозни прилики.

Така беше се до 75-тата минута кога Омиртаев после еден центаршут ја погоди нашата мрежа.

После ова реми Македонија ќе остане прва со седум бода со три одиграни натпревари, Казахстан има исто седум меѓутоа со два натпревари повеќе, следи Шпанија со шест бода од два натпревари, па Израел три бода (еден натпревар), Црна Гора три бода (четири натпревари) и Фарски Острови е без бодови после три одиграни натпревари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ова би било мега „бомба“ во мак. фудбалот: Шкендија сака да го украде Аврамовски од Вардар?!

Сезонава Шкендија има сериозни проблеми и воопшто не наликува на себе, па јасно дека во ја…