Трансфер сагата со Мауро Икарди како да нема крај. Меѓутоа изгледа претседателот на Јувентус, Андреа Ањели одлучил да ги земе работите во свои раце и да ја заврши работата.
Италијанските медиуми со фотографија како доказ вчера вечер соопштуваа дека Андреа Ањели отпатувал на Ибица каде што сака да го договори трансферот на Икарди.
„Спорт Медијасет“ тврди дека Ањели на аеродромот Малпенс се качил на летот ЕЈУ 2697 за Ибица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Ањели веќе е на Ибица и таму би требало да се сретне со Габриеле Гиуфрид за кој се верува дека посредува во целата работа околу трансферот на Икарди.
Ваквите тврдења доаѓаат само неколку часа откако менаџерката и сопругата на Икарди, Ванда започна да го следи Гиуфрид на Инстаграм.
Ањели вечерва е фотографиран во автобус кој наводно ги пренесува патниците до аеродромот на Ибица и до местото каде што го чекал автомобил кој го однел „длабоко“ на осторовот.
#skysport Andrea Agnelli su volo Easyjet EJU 2697per Ibiza… coasa bolle in@pentola..? pic.twitter.com/bgJTv7xxe9
— Nico Zavattoni (@nicozava) July 7, 2019