Членот на Кошаркарската куќа на славните и легендата на Голден Стејт Вориорс Ал Атлес почина во вторникот на 87-годишна возраст, објавија синоќа Вориорс. Атлес, кој влезе во Куќата на славните во 2019 година, служеше како играч, тренер и генерален менаџер на Вориорс повеќе од две децении.
„Алвин остава зад себе длабоко наследство во играта на кошарката и заедницата на Беј Ареј, но особено како семеен човек и хуманитарец“, објавија Вориорс. „Ние тагуваме заедно со неговата сопруга Вилхелмина, синот Алвин и сите кои го познаваа и сакаа.+
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлес беше избран од Филаделфија Вориорс во петтата рунда на драфтот во 1960 година. Тој се појави на 711 натпревари во најсилната лига на светот и имаше просек од 8,9 поени, 3,5 асистенции и 3,5 скока. Кога легендарниот Вилт Чембрлен постигна 100 поени на натпреварот помеѓу Вориорс и Њујорк Никс на 2 март 1962 година, Атлс постигна 11 поени.
По завршувањето на својата играчка кариера веднаш се префрли на тренерската работа и стана еден од првите црнци тренери во историјата на НБА. Тој беше тренер на Вориорс од 1970 до 1983 година и го предводеше тимот до титулата во НБА во 1975 година во четири натпревари над Вашингтон Булетс.
Атлес подоцна работеше како генерален менаџер на Вориорс три сезони и имаше улоги како потпретседател и консултант. Франшизата го повлече неговиот дрес со број 16. Покрај тоа што беше примен во Меморијалната куќа на славните на Нејсмит во 2019 година, тој ја доби и наградата за животно дело на Џон Р. Бан од Куќата на славните во 2014 година.