Дома Фудбал Останато Потврдено: Нејмар можеби ќе го имаат, но на него Бразил сигурно нема да може смета! (Видео)

Потврдено: Нејмар можеби ќе го имаат, но на него Бразил сигурно нема да може смета! (Видео)

На Нејмар веројатно ќе можат да сметаат, но Бразилците него сигурно го загубија за Мундијалот кој ова лето ќе се одржи во Русија.

Атлетико Мадрид денес потврди дека бразилскиот дефанзивец Фелипе Луис заработил скршеница на ногата во натпреварот против Локомотив Москва.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Луис беше изнесен на носилки после еден час игра во натпреварот кој се играше во Москва. Тестовите покажаа дека се работи за сериозна повреда и дека за него оваа сезона е завршена.

Исто така, 32 годишниот фудбалер ќе го пропушти Светското првенство на кое скоро и сигурно ќе добиеше повик од селекторот на Бразил. Ваквата вест на Луис сигурно не му се допаднала, бидејќи за него ова многу веројатно е последeн Mундијал на кој можеше да се надева на повик.

Фелипе Луис оваа сезона настапи на 25 натпревари за „јорганџиите“ и постигна еден погодок. За репрезентацијата на Бразил одигра вкупно 31 натпревари и постигна два погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валенсија игра во одлична форма – седум меча по ред не знае за пораз (Видео)

Фудбалерите на Валенсија продолжуваат со импресивната низа без пораз, откако денеска одигр…