Дома Топ вести Постигнат договор: „Новиот Де Брујн“ во Милан за 35 милиони

Постигнат договор: „Новиот Де Брујн“ во Милан за 35 милиони

Милан е блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.

21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, минатата сезона блесна во дресот на Клуб Бриж и е примарна трансфер цел на „росонерите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Милан пред неколку дена испрати прва понуда од 25 милиони евра која беше одбиена, а сега испрати нова од 30 милилиони евра плус 5 милиони како бонуси.

Тоа е сумата која Бриж ја бараше за неговата слобода, а Белгиецот веќе ги договори личните услови со „росонерите“.

Де Кетелар денес ќе игра за Бриж во белгискиот Суперкуп, а веќе во понеделник би требало да пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…