Дома Топ вести После историската ноќ отворена истрага против Барселона!

После историската ноќ отворена истрага против Барселона!

Барселона после историската ноќ на „Камп Ноу“ и победата над ПСЖ со резултат 6:1 се наоѓа под истрага на УЕФА.

Имено, како што претставува угледниот шпански весник „Марка“, каталонскиот клуб ќе биде под истрага поради истрчувањето на терен после победничкиот гол на Серхи Роберто во 95-та минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако голот на Роберто донесе историски успех и пласман во четвртфиналето, нестрпливоста на навивачите и на стручниот штаб на Барса кои истрчаа на терен може да им се обие од глава.

Дисциплинската комисија на УЕФА ќе се состане на 23-ти март за да расправа за отворената истрага, бидејќи е прекршен членот 16 од дисциплинскиот пропис, според кој навивачите и стручниот штаб имаат право да влезат на терен откако судијата ќе означи крај.

Комисијата исто така ќе расправа и за натпеварите Реал Мадрид – Наполи и Арсенал – Баерн Минхен. Наполитанците се обвинети за користење ласери како и за фрлање на предмети во текот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Медицинско чудо: Џуд Белингам веќе е готов за игра

Џуд Белингам веќе е целосно закрепнат и може да биде искористен од Чаби Алонсо во натпрева…