Дома Трансфер зона После доаѓањето на Де Јонг, за НЕГО нема повеќе место на „Камп Ноу“

После доаѓањето на Де Јонг, за НЕГО нема повеќе место на „Камп Ноу“

Барселона на лето спрема реконструкција и подмладување на средниот ред, па за таа цел веќе ја купи ѕвездата на Ајакс, Френки де Јонг.

Барселона за Холанѓанецот плати 75 милиони евра, па се очекува да има голема минутажа на „Камп Ноу“, а тоа секако ќе удлови со заминување на некои фудбалери од средниот ред.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прв на тапет е секако Артуро Видал, кој според пишувањето на каталонски „Спорт“, ќе ги напушти Каталонците по само една сезона.

Искусниот Чилеанец оваа сезона одигра 45 натпревари за клубот од „Камп Ноу“, но во поголемиот дел беше во втор план така што разделбата е неизбежна.

Италијанските медиуми пренесуваат дека големи се шансите Видал да се врати во Серија А, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација во дресот на Јувентус.

Најсилен интерес покажува Интер кој важи за фаворит за неговиот потпис. „Нероаѕурите“ го следат Видал откако одлучи да го напушти минхенски Баерн и беа блиску до него изминатото лето.

Меѓутоа, интерес за Видал покажува и тимот на Наполи, бидејќи Карло Анчелоти одлично ги познава неговите квалитети и сака повторно да го има во својот тим.

Како и да е, „Кориере дело Спорт“ тврди дека големи се шансите на лето 31-годишниот Чилеанец да се врати во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…