Дома Фудбал Англија Последен обид на Јунајтед: Му нуди на Погба астрономска плата

Последен обид на Јунајтед: Му нуди на Погба астрономска плата

Пол Погба на маса има понуда да стане најплатен играч во Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот.

Договорот на Пол Погба со Манчестер Јунајтед истекува следното лето, па „црвените ѓаволи“ прават се за да го убедат да остане на „Олд Трафорд“.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ му понудиле 5-годишен договор според кој Погба ќе стане најплатен фудбалер во Премиер лигата и ќе заработува 25 милиони евра по сезона.

ПСЖ покажува сериозен интерес за Французинот и му нуди 600.000 евра неделна плата доколку следното лето се пресели во Париз како слободен агент.

Англиските медиуми пренесуваат дека ова е последен обид на Манчестер Јунајтед, а Погба се уште не дал одговор на понудата.

Доколку ја одбие, најверојатно следното лето по втор пат ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Партизан ја демолираа соблекувалната, повреден и тренерот

Партизан доживеа дебакл од вечниот ривал Црвена Звезда на домашен терен (0:4), па навивачи…