Уште еден од низата фудбалери кои после кратката пауза се одлучи да се врати на терен е поранешниот холандски репрезентативец, Грегори Ван Дер Вил.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот член на Ајакс, ПСЖ, Каљари и Фенербахче е без клуб откако во март 2019 година го напушти тимот на Торонто од МЛС лигата.
Меѓутоа тој не можеше без фудбал, па на 32 години одлучи да се врати во дресот на Валквик.
„Никогаш не ја ни завршив кариерата. Уште сум заљубен во оваа игра и сакам секојдневно да бидам на теренот. Мотивацијата е огромна, важно ми е да играм фудбал и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Ван Дер Вил.
Холандскиот фудбалер 46 пати го носеше дресот на државниот тим, а со Ајакс и ПСЖ освои дури 17 трофеи.