Во викендот кој е зад нас го видовме најскандалозниот потег од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Имено, Луис Диаз постигна регуларен гол за Ливерпул во дербито против Тотенхем и истиот беше неправедно поништен поради офсајд.
Ова е посебно скандалозно бидејќи се случува во време на ВАР кога судиите имаат можност да го проверат секој детал и сантиметар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со тој гол на Диаз, Ливерпул ќе поведеше 0:1 и можеби натпреварот ќе имаше еден сосема поинаков тек, Тотенхем ќе потсетиме на крајот победи со 2:1.
Но, не е жали само Ливерпул и неговите навивачи за овој гол. Еден Англичанец поради тој гол останал без 9.510 фунти или околу 11.000 евра.
На неговиот тикет тој прогнозирал дека Гакпо, Сон и Луиз Диаз ќе постигнат голови, а картони ќе добијат Мекалистер, Удоги и Бисумо. Се погоди освен дека Диаз ќе биде стрелец.
Тој на овој облог вложил десет фунти, а на крајот поради судиската грешка остана без голема добивка.
Surely someone needs to pay me out for this!? @SkyFootball @premierleague @SkySportsPL @bet365 pic.twitter.com/Yyan6oZWRT
— Ryan Hall (@RyanHall_10) September 30, 2023