Дома Фудбал Англија Поминаа 15 години од денот кога малото момче си поигра со Џердард

Поминаа 15 години од денот кога малото момче си поигра со Џердард

На денешен ден пред 15 години се случи еден од најпознатите моменти во фудбалот.

Натпреварот кој се играше на 5. февруари 2006 година помеѓу Челзи и Ливерпул на „Стенфорд Бриџ“ го обележи една интересна сцена од тунелот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Детето кое со играчите излегуваше од тунелот одлучи да се пошегува на сметка на тогашниот капитен на „црвените“ Стивен Џерард и таа снимка стана мега популарна.

Џек Никлес тогаш имаше само пет години и успеа да си поигра со Џерард. Му ја пружи раката да се поздрави, а кога капитенот на Ливерпул возврати тој ја повлече раката.

Со тој потег стана неверојатно популарен и вистински миленик помеѓу навивачите на Челзи.

Скоро 15 години подоцна и Џек е фудбалер. Тој е член на нисколигашот Билерикај Таун, а за „Скај Спорт“ се потсети на деталот кој го прослави.

„Секоја година тоа видео се врати. Не се сеќавам премногу на тоа, знам само дека татко ми ме убеди. Го видов Џерард во тунелот и тоа беше инстиник“, изјави Џек.

Денес Џеј има 20 години игра нисколигашки фудбал и се обидува да направи подобра кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …