Дома Македонски спорт Мак фудбал Полусезоната во втората лига на Осогово во едно видео

Полусезоната во втората лига на Осогово во едно видео

ГФК Осогово не е помеѓу најдобрите македонски клубови, по квалитетот, но како што веќе добро знаете тие се најактивниот клуб на социјалните мрежи.

Осогово не може да се пофали со некоја посебно добра игра откако обезбедија пласман во втората лига. Еден ранг подоле им одеше добро, но сезонава во втората лига на истокот после 14 одиграни кола се претпоследни со само шест освоени бодови (2 победи, 12 порази).

Дека не покажаа некој квалитет се свесни и самите, па на урнебесен начин преку нивниот Твитер профил се пошегуваа на своја сметка.

Инаку, неодамна клубот објави јавен повик за инвеститор или нов сопственик кој ќе има средства сериозно да вложува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар сезонава ќе води тешка битка, Борец со три бода си замина од Скопје

Борец за првпат во својата историја го победи Вардар среде Скопје. Никола Радовиќ го отвор…