Дома Македонски спорт Мак фудбал Полувреме: По еден гол за Силекс и Петрокуб во пеколните услови за игра! 🎥

Полувреме: По еден гол за Силекс и Петрокуб во пеколните услови за игра! 🎥

Силекс денес го игра натпреварот против Петрокуб на домашен терен.


Србија многу најави, малку покажа - 9 ден ↓↓↓



Имаше среќа денес Силекс на теренот на ФФМ да ја искористи првата прилика и да постигне гол преку Кристијан Додевски уште во четвртата минута. Од тој момент тимот на Петрокуб ја презема иницијативата и создаде неколку шанси за гол.

Најистакнат поединец кај гостите беше Јосипој околу кого се одвиваше скоро се во играта на Петрокуб. Силекс до добра прилика за погодок после голот за водство имаше во 27. минута.

И повторно Силекс по таа прилика играше повлечено, а потоа во 41. минута кога малку се очекуваше кратовци ја погодија стативата од противничкиот гол со удар од далечина. Тоа беше и најголемата прилика на натпреварот со исклучок на голот на Додевски.

Петрокуб стигна до изедначување во последните моменти од судиското продолжение, преку Платица кој најдобро се снајде после една мешаница.

Мора да се спомене дека условите за игра се навистина тешки, па фудбалерите на половина од полувремето имаа кратка пауза за освежување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Струга со победа се враќа од Кратово

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Лидерот во макед…