Дома Фудбал Останато Познато колку Роналдо платил на својот тим за одбрана од Мајорга

Познато колку Роналдо платил на својот тим за одбрана од Мајорга

0
ronaldo

Португалецот има стратегија, многу работи се нејасни, но сигурно дека тој ќе направи се за да го одбрани својот углед и реноме.

Борбата продолжува, додека Кристиано Роналдо тренира и се спрема за натпреварите после репрезентативната пауза, против Џенова во Серија А и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, се чека нов потег на правниот тим на Кетринг Мајорга која го обвинува дека ја силувал во 2009 година.

Таа наводно ќе објави нови докази, тврди дека спогодбата со Роналдо е направена еден ден после случувањата и дека била принудена да ги напише имињата на сите на кои им кажала за случајот.

Од доказите го поседува фустанот, поточно во 2009 го предала на полицијата, но тогаш кога го пријавила случајот не го открила неговото име.


Следете го Sportski.mk и на


За да се одбрани од тешките обвинувања Роналдо платил еден милион долари на својот адвокатски тим кој ќе го води случајот. Тој ја ангажирал славната адвокатска канцеларија која ги застапува познатите личности. Американските медиуми пишуваат дека во тој тим има форензичар експерт, поранешен полицаец и човек за односи со јавноста кој ќе известува за се во медиумите.

Стратегијата на одбраната е јасна, да се отстрани дамката од името на Роналдо, да се задржат спонзорите, но и да се наплати на „Шпигел“ и сите други медиуми со наводните докази кои ги објавија против него.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Олимпијакос му приреди шок на Милан во Пиреа – го елиминираше уште во групната фаза од ЛЕ! (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни и последните натпревари од групната фаза во Лигата на Европа. Најголе…