Дома Видео Погледнете ја реакцијата на Роналдо кога дозна дека не е најдобар играч во Лига на нации

Погледнете ја реакцијата на Роналдо кога дозна дека не е најдобар играч во Лига на нации

Премиерното издание на Лига на нации го освои Португалија. Актуелниот европски првак во финалето со 1:0 ја совладата репрезентацијата на Холандија.

Стрелец на единствениот гол беше Гуедес на асистенција на Бернардо Силва, кој после натпреварот беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Кристијано Роналдо исто така одигра добар натпревар, а според снимките јасно се гледа дека очекуваше тој да биде избран за најдобар.

Сепак, конечната одлука не беше онаа на која се надеваше Роналдо и за најдобар играч беше прогласен офанзивецот на Манчестер Сити.

Роналдо и Силва стоеја еден до еден, а кога спикерот рече дека најдобар играч е играчот со број 10, изразот на лицето на Роналдо тотално се промени и воопшто не сакаше да му ја честита наградата.

Утеха за Роналдо останува што освои уште еден трофеј со Португалија.

Погледнете како сето тоа изгледаше…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Гвардиола добива понуда која не ќе може да ја одбие?

ЦАС (Судот за спортска арбитража) ја прифати жалбата на Манчестер Сити кој беше исфрлен од…