Дома Фудбал Погледнете го голот на Ковачиќ за Сити. Голманот немаше никакви шанси

Погледнете го голот на Ковачиќ за Сити. Голманот немаше никакви шанси

МАНЧЕСТЕР СИТИ дојде до голема победа од 6:2 на гостувањето кај Лутон Таун во осминафиналето на англискиот ФА Куп и на тој начин се пласираше во четвртфиналето.

Главен херој на натпреварот беше Ерлинг Халанд, кој постигна дури пет гола во првиот час и го реши прашањето на победникот, а Матео Ковачиќ го постигна шестиот гол на Сити. Двата гола на Лутон ги постигна Џордан Кларк.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Посебно убав беше голот на Ковачиќ од 72. минута. Хрватскиот играч за врска постигна гол од слична позиција од која Модриќ погоди против Севиља викендов, но наместо во далечниот агол, Ковачиќ неодбранливо ја испрати топката во голманскиот близок агол и со тоа го „потврди“ веќе сигурниот пласман на Сити во следната фаза.

Сите голови од натпреварот погледнете ги ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…