Дома Останати Кошарка Победа на Далас и трипл-дабл на Дончиќ за историја 🎥

Победа на Далас и трипл-дабл на Дончиќ за историја 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа повеќе натпревари, а во центарот на вниманието се најде Лука Дончиќ.

Словенецот постигна трипл-дабл во победата на Далас против Мемефис од 85:112. Натпреварот Дончиќ го заврши со 27 поени, 12 скока и 10 асистенции и така се запиша во историјата на клубот.

Имено, сите кошаркари кои настапувале за Далас имаат 80 трипл-дабли, а половина од нив се на Дончиќ. На Дончиќ да дојде до 40 трипл-дабли потребни му беа 226 натпревари со што остана зад легендарниот Оскар Робертсон.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Орландо 109:116, Детроит – Торонто 103:87, Индијана – Феникс 94:112, Филаделфија – Бостон 111:99, Чикаго – Голден стејт 96:138, Мајами – Атланта 124:118, Сан Антонио – Кливленд 109:114, Мемфис – Далас 85: 112, Сакраменто -Хјустон 126:114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Oдличен натпревар за Елмас и убедлива победа на Наполи 🎥

Наполи ја оправда фаворитската улога против Салернитана и славеше победа со 4:1 на домашен…