Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Во Тетово и Струмица „газди“ се Шкендија и Беласица, скопското дерби без победник, Вардар се извлече во 97-ма

ПМФЛ: Во Тетово и Струмица „газди“ се Шкендија и Беласица, скопското дерби без победник, Вардар се извлече во 97-ма

pmf

Денес од 13:30 часот се одиграа натпревари од 11. коло во македонската прва лига.

Во тетовското дерби Шкендија лесно се справи со Ренова победувајќи со 1:3. Уште на стартот од мечот Шкендија поведе со 0:1, а многу брзо создаде шанса и за втор гол сепак чуварот на мрежата на Ренова одлично реагираше. Меѓутоа до крајот на првиот Шкендија постигна втор гол и со 0:2 замина на полувреме. Во вториот дел видовме уште по еден гол на двете страни за конечни 1:3.

Вардар во Струга гостуваше без Александар Васоски кој поради смртта на неговиот татко остана во Скопје. Струга Трим Лум беше блиску до победа водеше со 2:0, но Вардар успеа да израмни. Првиот гол за изедначување го постигна Мицевски од пенал, а вториот беше дело на Блажевси во 97. минута.

Работнички и Шкупи на националната Арена одиграа реми 2:2. Двата тима постигнаа по еден гол во првото и второто полувреме.

Во струмичкото дерби Беласица славеше победа со Академија Пандев од 1:2. Борец дома забележа сигурна победа од 3:0 против Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Oдредени паровите за 1/8 финалето во футсал купот на Македонија

Во „Куќа на фудбалот“ денеска беа извлечени осминафиналните парови од Купот на Македонија.…