После денешните натпревари од првата македонска фудбалска лига Шкендија ја зголеми предноста на врвот на табелата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес Шкендија ја наполни мрежата на Шкупи и славеше убедлива победа од 5:1, додека Вардар одигра 1:1 против Беласица.
Тетовци со два гола на Имери и еден на Алими уште на полувремето направи предност од 3:0, за во второто полувреме Имери да стигне до хет-трик и да погоди Ибраими за „петарда“ во мрежата на Шкупи. Единствениот гол за Шкупи го постигна Бајрами.
Вардар губеше против Беласица од 36-тата минута кога Георгиев ја погоди мрежата на црвено-црните. Вардар до изедначување стигна на десетина минути пред крајот преку Херанз.
Академијаа Пандев славеше против Работнички со 3:1, Силекс ја победи Победа со голот на Рајковиќ, додека Македонија Ѓ.П со 3:1 прослави победа против Ренова.
Сега на табелата Шкендија е прва со 69 бода, Вардар е втор со 58, а потоа следуваат Академија Пандев (50) и Шкупи (42).