Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Вардар немоќен против Струга

ПМФЛ: Вардар немоќен против Струга

Денеска на програмата во Првата македонска фудбалска лига се играа натпревари од вонредното 16. коло.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вардар на теренот на ФФМ во Аеродром во не баш најдобри услови за игра поради лошиот терен беше поразен од актуелниот шампион Струга Трим Лум со 1:3.

Многу рано, Струга по само осум минути веќе двапати ја затресе мрежата на Гачевски. Прво Згуро во шестата од пенал го отвори резултатот, а потоа Таири само две минути подоцна зголеми на 0:2.

Вардар резултатски во игра се врати со голот на Милсавиќ по половина час од игра исто така од пенал. Единствениот гол во второто полувреме за конечни 0:3 беше дело на Компаоре за конечни 1:3.

Со овој пораз Вардар останувап оследен со само 11 бода, додека Струга е втора со 30 бода и заостанува два бода зад Шкупи кој денеска одигра 0:0 против Гостивар.

Минимални победи од по 1:0 денес забележаа екипите на Брера против Брегалница и Македонија Ѓорче Петров против Силекс. Тиквеш на гости ја совлада Воска со 0:3, а со 2:0 Шкендија беше подобра од Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…