Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Апсолутна доминација на домаќините!

ПМФЛ: Апсолутна доминација на домаќините!

Денес од 14:30 часот се одиграа натпреварите од 11-то коло во македонското првенство и тоа помина во апсолутна доминација на домаќините.

Академија Пандев ја декласираше Македонија Ѓорче Петров со убедливи 4:0. Гостите од Ѓорче денес не прикажаа добра игра во Струмица и Пандевци не им дозволија да се надеваат на ништо.

Дориев во 35-тата го отвори резултатот, а Стоилов само три минути подоцна погоди за 2:0. Нови два гола домаќините постигнаа во второто полувреме преку Рајковиќ и Томовски.

Вардар на арената „Тодор Проески“ не дозволи изненадување и го победи Борец со 2:0. Головите за црвено црните ги постигнаа Аврамовски после само три минути игра и Адем на дваесетина минути пред крајот.

Со овие победи Вардар и Академија Пандев остануваат лидери со ист број на бодови (24).

Во останатите натпревари Шкендија конечно одигра еден добар натпревар и запиша сигурна победа на свој терен во Тетово со 3:0, Марјанчо Андрески изгуби со Работнички на дебито во Чаир (2:0), додека Реноа од Струга се враќа со минимален пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Со 24 фудбалери во Нови Сад: Македонија У21 ја гради идната генерација

Александар Таневски избра 24 играчи за пријателскиот дуел со Србија на 12 ноември. Акценто…