Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Пикси мотивиран: Зошто да се плашиме? – Ќе ја нападнеме Англија!

Пикси мотивиран: Зошто да се плашиме? – Ќе ја нападнеме Англија!

Вечерва репрезентацијата на Србија ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство, а противник ќе им биде репрезентацијата на Англија која е еден од најголемите фаворити на турнирот.

Пикси најави дека нема да се плашат од Англичаните и ќе тргнат офанзивно да постигнат повеќе погодоци.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


„Зошто да не ги нападнеме? Не разбирам, зошто да им се плашиме, да ги оставиме да имаат контрола и ние да гледаме…Верувам во нас и очекувам отворен фудбал, шанси на двете страни. Ако не дадеме први гол? Ќе се обидеме да постигнеме повторно, не се осмневајте. Нормално дека ги почитуваме, но исто така пред се се почитуваме самите себе“, изјави Пикси на прес-конференцијата пред вечерашниот натпревар.

Натпреварот помеѓу Англија и Србија се игра вечерва од 21:00 часот на стадионот во Гелзенкирхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Модриќ од денес не е член на Реал Мадрид

Лука Модриќ технички е слободен агент затоа што му заврши договорот со Реал Мадрид. Денес …