Дома Трансфер зона Перез не останал без одговор: Мбапе на Реал треба да му врати 40 милиони евра

Перез не останал без одговор: Мбапе на Реал треба да му врати 40 милиони евра

Флорентино Перез не успеа да ја донесе својата најголема желба, Kилијан Мбапе на крајот се одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година.

Многумина веќе го видоа Мбапе во дресот на ПСЖ се сметаше дека трансферот е скоро завршена работа, меѓутоа во Париз успеаа да го убедат да потпише до 2025 година.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Откако ја донел одлуката Мбапе го информирал и првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Сакам да ве информирам дека решив да останам во ПСЖ. Ви благодарам за шансата да потпишам за Реал Мадрид, за кој навивам од дете“, наводно му напишал францускиот ас на претседателот на кралскиот клуб.

Неколку дена подоцна се појави вест дека Перез решил да му се одмазди на Мбапе за прекршеното ветување. 24-годишниот, наводно, добил 40 милиони евра од Реал Мадрид во декември за потпишан преддоговор и морал да почека до летото за сето тоа да се официјализира. Сега Перез преку своите соработници извршил притисок Мбапе да ги врати 40 милиони евра.

За потсетување, според некои информации, Мбапе добил бонус од 300 милиони евра само за потпишување договор со ПСЖ, а ќе заработува 50 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …