Дома Фудбал Пеп: Извини Габриел, моја е одлуката да шутира Марез

Пеп: Извини Габриел, моја е одлуката да шутира Марез

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола му се извини на Габриел Жезус, кој сакаше да го шутира пеналот против Ливерпул, и рече дека тој ја донел одлуката тоа да го направи Ријад Марез.

Алжирецот беше непрецизен од белата точка во 86. минута и со тоа пропушти прилика на Граѓаните да им донесе важна победа во дербито на осмото коло во Премиер лигата.

„Марез секојдневно вежба пенали и тоа ми даде причина него да го изберам за изведувач. Следниот пат ќе постигне гол, ова ќе биде добро искуство за него. Габриел сакаше д шутира, му се извинувам, но тоа неше моја одлука.“ – изјави Гвардиола.

После осум одиграни кола во ПЛ, Сити, Челси и Ливерпул имаат по 20 бода. На четвртото и петото место се Арсенал и Тотенхем со по 18 освоени бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…