Дома Фудбал Останато „Пензионерот“ Бекам заработува 35,000 фунти дневно, а еве и како!

„Пензионерот“ Бекам заработува 35,000 фунти дневно, а еве и како!

Давид Бекам ја заврши својата фудбалска кариера во 2013. година, но иако ужива во заслужената пензија, тој и понатаму затаботува богатство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако во 2003. година го напушти Манчестер Јунајтед и во богат трансфер се пресели во Реал Мадрид, Бекам стана еден од најпрепознатливите лица во светот на фудбалот, а тој својата популарност знаеше да ја искористи.

Следуваа и ангажмани во Лос Анџелес Галакси, позајмица во Милан и на крај во ПСЖ, меѓутоа ниту по заминувањето во пензија, популарниот Бекс не престана да заработува астрономски цифри. Само за време на своите играчки денови Бекам заработи вистинско богатство, но тој и понатаму заработува огромни количини на пари од својата компанија „Footwork Productions“, како и од правото на имиџ.

Дневната заработка на Бекам изнесува околку 35,000 фунти, а само минатата година од договорот со брендовите „H&M, Adidas и Haih Club Whisky“ заработа дури 12.7 милиони фунти.

Со сигурност можеме да кажеме дека за некој што е во „пензија“ Бекам и понатаму одлично работи со бизнисот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…