Легендарниот француски репрезентативец, Патрик Виера доби отказ на местото тренер во Ница после пет порази во низа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Црната низа за Ница кулминираше со поразот од Баер Леверкузен 3:2 со кој францускиот клуб се прости од шансите за пласман во следната фаза. Во домашното првенство Ница се наоѓа на 11. место што е големо разочарување затоа што минатата сезона овој тим заврши како петти.
Виера беше отпуштен на итниот состанок после вчерашниот пораз и додаде дека до именувањето на новиот тренер екипата ќе ја водат Адријан Урсе и Фредрик Горија.